Победниците на Европскиот квиз на парите ја посетија Македонската Берза

niksa

На 06.6.2022 по доделувањето на наградите за националниот натпревар Европски квиз на парите, од страна на претседателката на  МБА д-р Маја Стевкова-Штериева, заменик-претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката на Народната Банка д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионерот д-р Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност, победниците на натпреварот ја посетија Македонска Берза АД Скопје.

МБА, НБ и КХВ ги поздравија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори

niksa

Денес, во Македонската банкарска асоцијација (МБА) претседателката д-р Маја Стевкова- Штериева, заменик претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионeрот д-р Зоран Колев ги поздравија најдобро пласираните на овогодинешното издание на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите и нивните ментори.

Се одржа финалето на „Европскиот квиз на парите“

niksa

Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито“, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа.

Запознајте го мулти-талентираниот тим кои го освоија третото место на националниот натпревар Европски Квиз на Пари

niksa

Стефанија Сарафимова е родена на 5 јули 2006 година во Кавадарци. Таа е одлична ученичка и е запишана во прва година во Средното општинско училиште Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Матеја Талеска и Дино Дановиц се победници на националниот натпревар – ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европскиот квиз на пари

niksa

Матеја Талеска е член на победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на овогодишниот Европски квиз на пари.

Избрани претставниците за европското финале на „Европскиот квиз на пари”

niksa

Наши претставници на Европското финале на Европскиот квиз на парите ќе бидат учениците од училиштето СУГС „Joсип Броз Тито“ – Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц, под менторство на професорката Емилија Величкова, кои на националниот натпревар  успеаа да ги победат останатите 439 тима, од кои 423 тима се натпреваруваа на македонски, а 16 тима на албански јазик.

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

niksa

Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовка за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Јавен повик до основните и до средните училишта во Република Северна Македонија за „Европски квиз на пари 2022“

niksa

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.