ЕВРОПСКИ КВИЗ НА ПАРИ

Список на ученици кои ќе се натпреваруваат на натпреварот ЕКП на 29.05.2020

28/5/2020

Национален натпревар Европски квиз на пари
– потребни технички спецификации

27/5/2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ

11/5/2020
Македонската банкарска асоцијација следејки го примерот на другите европски земји ќе го организира националниот натпревар „Европски квиз на пари“ на 29.05.2020 година (петок) во 12:00 часот на македонски јазик и 13:00 часот на албански јазик.

„Европскиот квиз на пари“ во услови на корона криза ќе се спроведе на начин различен од претходно утврдениот, односно:

  • Право да се натпреваруваат имаат учениците од класовите пријавени на јавниот повик кој Македонската банкарска асоцијација го објави во јануари 2020 година
  • Учениците од пријавените класови ќе се натпреваруваат од својот дом и секој ученик ќе се најави со своето име и презиме и ќе се натпреварува како индивидуален натпреварувач
  • Натпреварот ќе се одржи преку електронската платформа Kahoot! со емитување на натпреварот преку официјалниот канал на Kahoot! на YouTube
  • Сите прашања ќе бидат со понудени одговори од кои само еден ќе е точен
  • Освен точноста ќе се калкулира и брзината на натпреварувачот при одговарање.

Менторите имаат обврска да ги известат учениците од пријавените класови што сакаат да се натпреваруваат за начинот на кој ќе се спроведе натпреварот, како и за сите останати известувања кои Македонска банкарска асоцијација ќе им ги достави, а се однесуваат на натпреварот.

Воедно менторите треба да достават список на ученици под нивно менторство кои ќе сакаат да се натпреваруваат од дома најдоцна до 27.5.2020 година.

Македонската банкарска асоцијација на учениците кои ќе освојат прво, второ и трето место и нивните менторите ќе им додели пригодни награди и сертификати.

Постапката за користење на Kahoot! е едноставна, во договореното време, на 29 мај 2020 година во 12:00 часот за македонски јазик и во 13:00 часот за албански јазик, учесниците ќе можат да се вклучат на натпреварот:

  • со посета на страницата на YouTube (врската ќе биде достапна наскоро) каде ќе биде објавен посебен пин за секоја земја,
  • ќе сe пријават на Kahoot! со пинот кој ќе Ви го дадеме и секој ученик како код ќе го внесе своето име и презиме и ќе пристапи на натпреварот.

 


(23/3/2020)
Согласно ситуацијата со COVID-19 (корона вирус) и прогласувањето на вонредна состојба во Република Северна Македонија Ве известуваме дека националниот натпревар „Европски квиз на пари“ кој беше планиран да се спроведе на 30.03.2020 година (понеделник) се одложува за мај-јуни доколку се појават услови за спроведување на натпреварот на национално ниво.

Воедно Ве известуваме дека финалниот натпревар „Европски квиз на пари“ кој требаше да се спроведе во Брисел, Кралство Белгија на 28-29.04.2020 година од страна на Европската банкарска федерација се откажува поради прогласената пандемија од COVID-19 (корона вирус).



(13/
3/2020)
Ве известуваме дека поради новонастаната ситуација со COVID-19 (корона вирус) националниот натпревар „Европски квиз на пари“ ќе се одржи на 30.03.2020 година (понеделник) во 12:00 часот на македонски јазик и 13:00 часот на албански јазик.

ФИНАЛЕ ВО АПРИЛ 2020 ВО БРИСЕЛ!

ВТОР ПОДГОТВИТЕЛЕН ТЕСТ

Втор подготвителен тест - македонски јазик

Втор подготвителен тест - албански јазик

ПРВ ПОДГОТВИТЕЛЕН ТЕСТ

Прв подготвителен тест - македонски јазик

Прв подготвителен тест - албански јазик

МОЖЕШ ЛИ ДА ГИ ПОБЕДИШ ЕВРОПСКИТЕ ШАМПИОНИ?

ВЕЖБАЈ ЗА КВИЗОТ ТУКА НА СВОЈОТ ЈАЗИК!

КАКО ДА ИГРАШ (кликни тука)

  • Изберете еден уред што ќе биде главен уред – квизмастер (уред на кој ќе се гледаат прашањата) и еден или повеќе уреди преку кои ќе се игра и ќе се одговараат прашањата (уредот може да биде телефон, таблет или компјутер).Првиот уред – квизмастер е уредот на кој се ставени прашањата и со него управува лицето што го спроведува квизот, а другите уреди се уредите на натпреварувачите и тие ги користат за одговарање на прашањата.
  • На главниот уред – квизмастер ќе стиснете на линкот од квиз со прашањата.
  • Ќе изберете „играј како гостин“ (play as a guest) и потоа изберете „класичен“ (classic)
  • На главниот уред ќе се појави пинот на квизот (game pin) кој играчите треба да го стават во полето „game pin“.
  • Играчите се уклучуваат на www.kahoot.it или преку апликацијата Kahoot!
  • Играчите го внесуваат пинот на квизот и го внесуваат свое име или прекар.
  • На главниот уред – квизмастер ќе се појават сите натпреварувачи кои се вклучени во квизот.
  • Откако сите играчи ќе се вклучат во квизот на главниот уред – квизмастерот се стиска на копчето „Start“ и почнува натпреварувањето.
  • Играчите ги гледаат прашањата на главниот уред – квизмастерот, а прашањата ги одговараат на своите уреди со избирање на едно од четрите понудени одговори.
  • После секое одговорено прашање на главниот уред – квизмастерот се појавува ранглиста на натпреварувачите со нивните поени.
  • За секое прашање се одбројува време за одговарање на прашањата кое носи плус поени. Колку побрзо точно се одговори прашањето толку повеќе поени ќе добие натпреварувачот.
  • По завршувањето на квизот, Кахут пресметува и ги покажува натпреварувачите кои ги освоиле првите три места и има ранг листа од сите натпреварувачи подредени согласно освоените поени.

За дополнителни инструкции, опции и како да направите свој Kahoot, видете детали на: https://kahoot.com/what-is-kahoot/

Одбери македонски или албански јазик... Среќно!

*За други јазици кликнете тука

ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД РАБОТНАТА СРЕДБА ЗА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ, 25.02.2020 ГОДИНА

Презентација на Народна Банка на РСМ

Презентација на Министерство за Финансии на РСМ

Презентација на Комисија за хартии од вредност

Презентација на Комисија за хартии од вредност (Албански јазик)

Презентација на Агенција за супервизија на осигурување

Презентација на МАПАС

Програма за работната средба за „Европски квиз на пари” 2020 година

Пријавени класови за натпреварот „Европски квиз на пари” - 2020година

Вести за Европски квиз на пари 2020

EBF European Money Quiz

EMQ_Logo_Negative-300x206