КОМИСИЈА ЗА ЛИКВИДНОСТ НА МБА – Забрзување на постапките за прием во ИСДА

niksa

Што побрзо зачленување на земјата и македонските банки во ISDA (International Swaps and Derivatives Association) ќе овозможи позитивен тренд на финансиските пазари во доменот на користење и за развој на изведените финансиски инструменти кои нашите банки ќе ги користат за работење во земјата и странство. Ова е акцентирано на состанокот на Комисијата за ликвидност на Македонската Банкарска Асоцијација одржан на 21.11.2018 година.

РАБОТЕН СОСТАНОК ВО МБА – Иницијатива за нов корпоративен извештај

niksa

По иницијатива на Македонското кредитно биро во Македонската банкарска асоцијација на 16.11.2018 се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници на скоро сите членки на МБА и на кој беше разгледуван предлогот за нов корпоративен извештај.

Усвоен деловникот на Комисија за документарно работење при МБА

niksa

Комисијата за документарно работење при Македонската Банкарска Асоцијација на својата трета седница, одржана на 15.11. 2018 години во Скопје, го усвои и изгласа Деловникот за организација и работење на Комисијата.

Стопанска Банка а.д. Битола – 70 години верни и посветени на бизнисот и граѓаните

niksa

Во средата, Стопанска банка а.д. Битола го прослави своето 70 годишно постоење со организирање на јубилејна прослава во Скопје. Изминатиот период банката се докажа како верен поддржувач на работењето на бизнис заедницата и на граѓаните. Покрај во Битола, банката продолжи да го развива своето работење и својот раст во успешна македонска банка, која ги следи трендовите во современото банкарство и во главниот град Скопје.

10 години јубилеј на Шпаркасе Банка во Македонија

niksa

По повод одбележувањето на првата деценија од банкарското работење во Р. Македонија, Шпаркасе Банка на ден 3.11.2018 година организираше неколку едукативни трибини и хуманитарни активности, во кои беа вклучени претставници од менаџментот, како и дел од вработените во Банката.

Македонската банкарска асоцијација ги награди најдобрите

niksa

Во својата премиерна година на егзистирање, Македонската банкарска асоцијација, по повод Светскиот ден на штедењето 31 октомври, ги награди најдобрите банкарски службеници во земјата. На пригодна свеченост, 38 банкарски службеници, од 15 банки и 2 штедилници, и од две финансиски институции, добија признание за нивната работа, награда за нивниот труд, дотолку повредна бидејќи е изнедрена од оценките на нивните непосредни соработници.

Комисијата за хартии од вредност на РМ го презентираше новиот финансиски инструмент – перпетуална обврзница

niksa

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ м-р Нора Алити со тимот пред членовите на Македонската банкарска Асоцијација го презентираа новиот хибриден инструмент на пазарот за хартии од вредност- перпетуалната обврзница.

МБА на семинар на Управата за јавни приходи, Даночна академија

niksa

На семинарот на тема “Со рано идентификување и брзо реагирање кон долгот, до поефикасна наплата” организиран за вработени во Управата за јавни приходи, кој се одржа на 08.6.2018 година со своја презентација со наслов “Наплата и управување со ризични пласмани” учествуваа и претставниците на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје, Мирко Аврамовски, директор на Сектор за наплата и Дејан Станковски, директор за специфични прашања во Сектор за наплата од Стопанска банка АД Скопје.

МБА на семинар на Комората на извршители на Република Македонија

niksa

Горазд Поповски, Заменик претседавач на Правната комисија на Македонската банкарска асоцијација и Директор на Сектор за правни работи во Стопанска банка АД Скопје на семинарот организиран од Комората на извршители на Република Македонија на 19 мај 2018 година одржа презентација на тема “Осврт кон предлозите и забелешките на банкарскиот сектор кон предлог измените на Законот за извршување”.

1 2 3