Факторингот како алтернативно решение во Европската Унија и регионот

Презентирањето на новите трендови во факторингот на банкарските и финансиските институции беше тема на интерактивниот настан одржан во Македонската банкарска асоцијација на 19.12. 2018 година.

– Проектот на УСАИД за факторинг во Македонија е имплементиран преку Фактор Труст и има за цел зголемување на свеста за алтернативни системи за финасирање на малите и средни претпријатија. Тригодишниот проект низ серија работилници, тркалезни маси, презентации понудува и правна регулатива за условите факторингот да биде прифатен не само од малите и средни претпријатија, туку да стане и атрактивен за банките и финасиските институции и тие да го вклучат на пазарот на капитал, елаборираше Ловре Ристевски директорот на проектот.

Уделот на факторингот во Македонија во малите и средни претпријатија е незначителен, не само во однос на Европа, туку и во однос на регионот. Ако има земји каде тој изнесува и до 10 проценти од БНД, во Македонија тој е 0%.

– Би биле среќни кога по завршување на овој проект тој процент би пораснал и незначително, вели Ристевски.

Освен користењето на факторингот како алтернативно решение, на настанот за неопходноста за дигитализација на теренот свое излагање имаше г-дин Дејан Барбутовски, експерт за факторинг од Словенија.

niksa

About niksa