Разгледан предлог законот за данок на добивка

Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ при Македонската банкарска асоцијација на состанокот одржан на 10.12. 2012 година го усвои деловникот за работа и го разгледа предлог законот за данокот на добивка. Комисијата со која претседава Ирена Кузманоска,раководител на дирекција за сметководство и даноци при Охридска банка АД Скопје, го разгледуваше и сметководствениот третман на надоместокот согласно Одлуката за изменување на одлуката за задолжителна резерва.

Банките ги разгледаа предложните измени во предлог законот за данокот за добивка и ги разменија своите ставови и нивната примена со цел подобрување на примената на истите и ќе бидат доставени предлози до Министерството за финансии. Дополнително се разгледаа и сметководствниот третман и ефектот на примена на меѓународните сметководствени стандади, истакна Кузманоска.

Посебна презентација за измените за трансферните цени и со нив поврзаните законски одредби на состанокот имаше советникот на министерот за финансии д-р Бранимир Јовановиќ, со што се потврдува добрата соработка на Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација.

niksa

About niksa