Македонската банкарска асоцијација потпиша договор за соработка со Банкарската асоцијација на Централна и Источна Европа

Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Банкарската асоцијација на Централна и Источна Европа (БАЦЕЕ) потпишаа договор за долгорочна соработка.

На 39-тата Регионална конференција на БАСЕЕ, што се одржува во Будимпешта, Унгарија (28/29 октомври), на пригодна церемонија, договорот го потпишаа претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева и генералниот секретар на БАСЕЕ, Иштван Ленгел.

Договорот, на чие потпишување присуствуваа и Заменик претседателот на МБА, Тони Стојановски, како и членови на Управните одбори на НЛБ банка, Халк банка и Силк Роуд банка, предвидува долгорочна соработка за заедничко промовирање на развојот на финансискиот сектор како и теми кои вклучуваат банкарска регулатива, развој на финансиски пазари, дигитализација, усогласеност со прописи, корпоративно уредување.

МБА и БАЦЕЕ се согласија да воспостават двонасочен механизам за размена и соработка, да изградат платформа за размена на стручни лица и деловна размена меѓу двете страни и помеѓу институциите членки на БАСЕЕ преку форуми и семинари.

Соработката ќе вклучува и учество банките членки на МБА на регионални конференции организирани од БАЦЕЕ, организирање на обуки во Скопје и други форми на обуки договорени од двете страни.

niksa

About niksa

Македонската Банкарска Асоцијација ги награди вицешампионите

Вицешампионите на Европскиот квиз на пари, Викторија Панова и Марко Инѓилизов, како и нивниот ментор Марјан Стојановски од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, за извонредниот успех на финалето во Брисел (Белгија), добија пригодни подароци од иницијаторот и организаторот на Квизот на пари во нашата земја, Македонската банкарска асоцијација.

На пригоден настан, во присуство на претседателката Д-р Маја Стевкова Штериева, потпретседателот Тони Стојановски и поранешниот претседател Коста Митровски, велешките гимназијалци на подарок добија лап-топ компјутери, а нивниот ментор таблет.

Панова и Инѓилизов прво победија на националниот натпревар на кој учествуваа над 3.000 деца од основни и средни училишта од целата земја, а потоа на дебито на Европскиот квиз на пари го освоија второто место. На квизот од цела Европа се натпреваруваа околу 100.000 врсници на младите велешани.

Европскиот квиз на пари е наменет за финансиска едукација на младите од 13 до 15 години.

niksa

About niksa

Македонската банкарска асоцијација ги награди најдобрите

Во својата премиерна година на егзистирање, Македонската банкарска асоцијација, по повод Светскиот ден на штедењето 31 октомври, ги награди најдобрите банкарски службеници во земјата. На пригодна свеченост, 38 банкарски службеници, од 15 банки и 2 штедилници, и од две финансиски институции, добија признание за нивната работа, награда за нивниот труд, дотолку повредна бидејќи е изнедрена од оценките на нивните непосредни соработници.

На пригодната свеченост, на која присуствуваа министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на Народната банка на РМ Анита Ангеловска – Бежовска, вицегувернерот Емилија Нацевска и банкарскиот врв во земјава, претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски, поздравувајќи ги присутните и честитајќи го празничниот ден, истакна:

– Штедачите од нас бараат парите да им се сигурни, стабилни, да ја добиваат договорената камата, да можат, кога ќе им притребаат, во секое време да им се на располагање, и ние тоа како банкари, како банки им го гарантираме и сега и во иднина. Зошто? Затоа што имаме стабилни банки, стабилен банкарски систем со висока ликвидност, високо ниво на капитализираност, управни одбори составени од професионалци со долгогодишно искуство во нивното управување, профитабилен банкарски сектор, кој сите треба да нè радува, затоа што само таков тој е гарант за успешност на сите економски текови во нашето општество.

Митровски потенцираше и дека една од основните задачи на Македонската банкарска асоцијација е едукацијата на младите за значењето на штедењето врз економските движења.

Напоменувајќи дека економските текови во државата имаат нагорна линија и дека Светскиот ден на штедењето го дочекуваме со високо ниво на штедни влогови од 345 милијарди денари или 5,6 милијарди евра, министерот Тевдовски ги повика банкарите да го следат овој тренд:

– Ја користам оваа пригода да ги повикам банкарите да ги поддржат проектите на компаниите и во овој период да пласираат што повеќе средства во стопанството и во одржливи проекти важни за економијата, акцентирајќи го значењето на штедењето во економските текови.

Гувернерот на Народната банка на РМ Анита Ангеловска – Бежовска потврди дека македонските граѓани имаат голема доверба во банкарскиот сектор, што во целиот период остана здрав, стабилен, висококапитализиран и ликвиден, покажувајќи висока способност за успешно справување со шокови, но и дека:

– И покрај позитивните поместувања, стапката на домашно штедење во македонската економија и натаму е под просекот и меѓу пониските стапки во земјите од Централна и Југоисточна Европа. Неопходен е активен придонес од сите засегнати страни. За банките тоа значи постојано унапредување на понудата на штедни производи што ќе бидат ценовно конкурентни, но и приспособени на потребите на обичниот штедач и во чекор со предизвиците на современото време.

Македонската банкарска асоцијација веќе шест месеци работи како самостоен правен субјект, по терк на европските сродни еснафски здруженија, како членка на Европската банкарска федерација.

previous arrow
next arrow
previous arrownext arrow
Slider
niksa

About niksa