КОМИСИЈА ЗА ЛИКВИДНОСТ НА МБА – Забрзување на постапките за прием во ИСДА

Што побрзо зачленување на земјата и македонските банки во ISDA (International Swaps and Derivatives Association) ќе овозможи позитивен тренд на финансиските пазари во доменот на користење и за развој на изведените финансиски инструменти кои нашите банки ќе ги користат за работење во земјата и странство. Ова е акцентирано на состанокот на Комисијата за ликвидност на Македонската Банкарска Асоцијација одржан на 21.11.2018 година.

Македонија е веќе мапирана како земја од регионот која треба да биде примена во ИСДА. Затоа се потребни и одредени законски промени и модификации, кои ќе ги иницираме преку ИСДА работната група, во координација со Министерството за финансии и НБРМ, како и со регионалните претставници на ИСДА и преку очекуваната техничка подршка од ЕБОР, истакнува Емил Јакимов претседавач со Комисијата за ликвидност, Директор на Дирекција за управување со средства, ликвидност и тргување, Халк банка АД Скопје.

На состанокот беше усвоен и Деловникот за работа на Комисијата, а се разгледаа и други прашања од делокругот на Комисијата.

niksa

About niksa