Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација

niksa

Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г. Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.

Известување за злоупотреба на социјалните мрежи на името и логото на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

niksa

Почитувани,
На социјалните мрежи Instagram, Facebook и сл. се појавуваат рекламни објави (ads) каде неовластено се користи логото и називот на Македонската Банкарска Асоцијација
за „заеми без кредитна проверка, без доказ за приход и сл.“

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

niksa

Македонската Банкарска Асоцијација, изразува најoстра реакција на непрофесионално изнесени наводи и наслов кај одредени медиуми во врска со висината и начинот на пресметување на надоместоци за прифаќање на банкарски картички.

Соопштение за јавноста

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека деловните банки во нашата земја не прифаќаат ефективни парични средства во валута норвешка круна (NOK) и шведскa крунa ( SEK).

Известување за работа со ефективни пари во дански круни (DKK)

niksa

По добиено известување од странските банки дека по 31.10.2022 година нема да примаат ефективни странски пари во дански круни (DKK) ја информираме јавноста дека банките во Република Северна Македонија ќе примаат/исплатуваат ефективни странски пари во дански круни (DKK) најдоцна до датумите на известување на секоја домашна банка.

Соопштение за јавноста

niksa

Македонската Банкарска Асоцијација, во името на сите свои членки – банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро изразува најoстар протест и отфрлање на сите крајно неосновани наводи за банкарскиот сектор, изнесени на прес конференцијатата одржана на 22.08.2022 година. Потенцираме дека никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања за цел банкарски сектор на една држава врз основа на некакви приватни истраги. Банкарскиот сектор е дел од севкупниот економски систем на оваа земја, дом на заштедите на македонските граѓани и компании и столб на целокупниот финансиски систем на Република Северна Македонија.

Соопштение за јавноста

niksa

Во врска со шпекулативните и невистинити информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со движењата на менувачкиот пазар и девизниот курс ги известуваме граѓаните дека менувачките работи кај банките се одвиваат непречено.

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

niksa

Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовка за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Накусо отежнат пристапот до веб-страниците на НБ и домашните банки: Интегритетот и доверливоста на податоците не е доведен во прашање

niksa

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање.

Соопштение за јавноста

niksa

Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното:

Соопштение за јавноста

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта.

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА И МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

niksa

Ве известуваме дека беше одржан работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка. Состанокот беше во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина. Во продолжение е заедничко соопштение за јавноста:

Потребен е нов законски рок за исплата на корисниците на финансиска помош

niksa

Со цел  успешно реализирање на еднократна финансиска помош од 6.000 денари како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, банките максимално ги ставија на располагање своите ресурси и во согласност со Законот за финансиска поддршка (Сл.Весник.290/20 од 07.12.2020) во краткиот законски рок, до крајот на работното време на 25.12.2020 година вршеа распределување на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните.

Одбележан Светскиот ден на штедењето

niksa

Македонската банкарска  асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити денес организираше пригодна виртуелна свечаност по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври.

Независноста и професионалноста на Народната банка се клучни за задржување на финансиската стабилност

niksa

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста  одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка.

Соопштение за јавноста

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните.

Одржана првата Седница на ново избраниот Одбор

niksa

Денес, 29.09.2020 година, во просториите на Македонска банкарска асоцијација се одржа првата седница на ново избраниот Одбор за избор и следење на референтни банки.

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата за кредитните производи за граѓаните кои имаат реална потреба за тоа

niksa

Заклучно со 30.9.2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата која деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ.

СООПШТЕНИЕ за јавноста

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните.

СООПШТЕНИЕ до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје

niksa

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и јавноста, дека согласно критериумите пропишани од Фондот за осигурување на депозити за избор на банка – исплатувач, односно банки – исплатувачи преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити, избрани се следните 4 (четири) банки: 

СООПШТЕНИЕ за јавноста

niksa

Во врска со соопштението на Народната банка за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови.

СООПШТЕНИЕ до депонентите во „Еуростандард банка“ АД Скопје

niksa

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.

Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Сите банки вклучени во проектот „Купувам домашно“ се посветени на неговата реализација и преземаат мерки за заштита на јавното здравје

niksa

МБА апелира корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката.

Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

niksa

Корисниците на дебитни картички со средствата ќе располагаат од вторник, 2 јуни 2020 година

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи максимална грижа за заштита на јавното здравје.

Сите банки се подготвени за исплата на априлските пензии

niksa

Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат од утре, а готовинската исплата ќе се спроведе по групи следната недела

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на априлските пензии, согласно со добиените податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За прифаќање на понудите на банките и штедилниците се одлучиле околу 70% кредитокорисници – физички лица

niksa

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека според првичните податоци од сите наши членки – банки и штедилници, за прифаќање на понудите за олеснување на финансискиот товар со одложување на наплатата на кредитите се одлучија околу 70 % од кредитокорисниците – физички лица.

Банките и штедилниците подготвени да излезат во пресрет на сите барања на кредитокорисниците кои се соочуваат со времена неможност за отплата на кредитите

niksa

Во околности на галопирачки негативен развој на состојбите со пандемијата од КОВИД 19, кога е сеуште невозможно да се согледаат последиците врз нашата економија, свесни дека многу наши компании веќе се соочуваат со проблеми во своето работење, членките на Македонската Банкарска Асоцијација – банки и штедилници се подготвени да излезат во пресрет на сите барања на кредитокорисниците – граѓани и правни лица кои се соочуваат или во иднина ќе се соочат со времена неможност, целосна или делумна, за отплата на своите обврски по кредити.