Комерцијална банка по девети пат прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

niksa

Комерцијална банка АД Скопје девет пати (2021, 2020, 2012, 2011, 2010, 2005, 2004, 2002, 2001) е добитник на престижната награда „Банка на годината“ во Република Северна Македонија, која ја доделува реномираниот финансиски магазин The Banker.

Плакета „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк за Комерцијална банка

niksa

Комерцијална банка е добитник на плакетата „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк како признание за беспрекорниот и успешен начин на работа во меѓународниот платен промет и во услови на пандемија.

Комерцијална банка прогласена за “Најдобра банка во Северна Македонија“ од магазинот Euromoney

niksa

Комерцијална банка со огромно задоволство објавува дека е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот „Еuromoney”. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите.

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2020 година од магазинот „The Banker“

niksa

Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2020 година“ во Република Северна Македонија од страна на престижниот финансиски магазин „The Banker“. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и целиот свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери.

Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“

niksa

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во земјава) од страна на светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД.

Комерцијална банка најуспешна во тргување

niksa

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)“. Ова е петто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија, доделено од Global Finance.