Комерцијална наградена од ЕБРД за најактивна банка во финансирање на меѓународната трговија во 2020 година

Европската банка за обнова и развој по седумнаесетти пат ја награди Комерцијална банка АД Скопје за „Most Active Issuing Bank in 2020 in North Macedonia“.

Во земјава, Комерцијална e единствената банка што ја добива оваа награда од ЕБРД како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија.

Со оваа награда се потврдува меѓународната експертиза на тимот за документарно работење на Комерцијална банка, кој и понатаму го промовира реномето на Банката со својот висок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство.

niksa

About niksa