Македонската Банкарска Асоцијација ги награди вицешампионите

niksa

Вицешампионите на Европскиот квиз на пари, Викторија Панова и Марко Инѓилизов, како и нивниот ментор Марјан Стојановски од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, за извонредниот успех на финалето во Брисел (Белгија), добија пригодни подароци од иницијаторот и организаторот на Квизот на пари во нашата земја, Македонската банкарска асоцијација.

Македонските тинејџери вицешампиони на Европскиот квиз на пари

niksa

Во конкуренција на финалисти од дваесет и осум европски земји, претставниците на Република Северна Македонија, младите велешани Викторија Панова и Марко Инѓилизов, го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на парите што се одржа вчера во Брисел, Белгија.

Благодарници за особен придонес за Европскиот квиз на парите

niksa

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски, на пригодeн настан во просториите на Асоцијацијата, вчера врачи благодарници за особен придонес за успешното организирање на националниот натпревар во рамки на Европскиот квиз на пари.

Збор на патниците за Брисел

niksa

Марко Инѓилизов: Премногу сум возбуден во моментов. Долго се подготвуваме и искрено не очекував дека ќе победиме, можеби дека ќе бидеме меѓу првите десет. И за нас ова е преголемо изнанадување. Ги охрабруваме сите млади да вложат труд и да учествуваат во овој квиз.

МАРКО ИНЃИЛИЗОВ И ВИКТОРИЈА ПАНОВА СЕ ПОБЕДНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР – ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ ЗЕМЈАВА НА ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИТЕ

niksa

Марко Инѓилизов и Викторија Панова ќе ја претставуваат нашава земја на финалето на Европскиот квиз на парите, што ќе се одржи на 7 мај годинава во Брисел, Белгија. Двајцата од училиштето СОУ „Гимназија Кочо Рацин” Велес, имаа најдобри резултати на националното финале, што се одржа денес на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во конкуренција на своите врсници од целата држава.

Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

niksa

Народната банка беше домаќин на работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта од земјава кои ќе учествуваат во Европскиот квиз на парите. На денешниот настан се одржа презентација на одделните фази и обука за подготовка за натпреварот, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација, Министерството за образование и наука, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност по првпат се одржува во нашава земја, чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години.

Финансиската едукација станува предизвик за учениците во земјава

niksa

Одѕивот на јавниот повик за учество во Европскиот квиз на парите укажува дека во текот на следниве месеци учениците од нашава земја повеќе ќе ги прелистуваат страниците на книгите за пари и финансии и дека финансиски ќе се едуцираат. И покрај тоа што кај нас овој квиз се одржува првпат, интересот е многу поголем од очекуваниот.

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Македонија

niksa

Македонската банкарска асоцијација
во соработка со
Министерството за образование и наука,
Народната банка на Република Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Склучен меморандум за соработка помеѓу НБРМ и МБА во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија

niksa

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава. Согласно со одредбите од меморандумот, во натамошниот период, НБРМ и МБА, заеднички ќе преземат низа активности коишто ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата. Во рамки на соработката ќе се преземат и активности за поголема информираност на населението за банкарските услуги во земјава.

Склучени меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација

niksa

Македонската банкарска асоцијација денес склучи меморандуми за соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Меморандумите главно се однесуваат на соработката во сферата на финансиската едукација на младата популација, како и на други прашања сврзани со финансиската писменост на населението.