Одржана првата Седница на ново избраниот Одбор
Денес, 29.09.2020 година, во просториите на Македонска банкарска асоцијација се одржа првата седница на ново избраниот Одбор за избор и следење на референтни банки.
Собранието на Македонската банкарска асоцијација на 23-тата седница донесе Одлука за избор и именување на членови на Одборот за избор и следење на референтни банки. За членови на Одборот за избор и следење на референтни банки согласно Правилата за избор и обврски на референтни банки кои поставуваат котации на каматни стапки за пресметка на SKIBOR и за процесот на пресметување на SKIBOR, Собранието на Македонската банкарска асоцијација ги избра следниве лица: Влатко Лескароски од Комерцијална банка АД Скопје, Сашо Радевски од Стопанска банка АД Скопје, претставник на АЦИ-Македонија Здружение нa финансиски пазари, Бојан Цветановски од НЛБ банка АД Скопје, Звонко Станковски од Унибанка АД Скопје и Борка Цветановска од Централна Кооперативна Банка АД Скопје.
За претседател на Одборот за избор и следење на референтни банки е именуван Влатко Лескароски.