Плакета „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк за Комерцијална банка

Комерцијална банка е добитник на плакетата „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк како признание за беспрекорниот и успешен начин на работа во меѓународниот платен промет и во услови на пандемија.

Со наградата Дојче банк покажува дека ја препознава Комерцијална банка како компанија која постојано постигнува извонредни резултати и демонстрира лидерство на пазарот. Комерцијална банка повеќе пати е добитник на наградата „ЕUR Operational Excellence Award“ заради беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања.

Комерцијална банка продолжува да нуди и да развива производи и услуги од областа на меѓународниот платен промет кои овозможуваат брзи и ефикасни банкарски трансакции и максимално корисничко задоволство.

niksa

About niksa