Нова награда за Комерцијална банка од Европската банка за обнова и развој

Европската банка за обнова и развој и ја додели на Комерцијална банка наградата „Most Active Issuing Bank in 2019 in North Macedonia”.

Наградата е објавена во најновиот број на списанието „Trade Exchange Magazine“, што е наменето за стручната јавност во Европа, Азија и Африка од областа на меѓународните инструменти за финансирање на трговијата.

Со тоа, тимот за документарно работење на Банката, уште еднаш ја потврди својата посветена работа и високиот степен на ефикасност. Ова исклучително признание претставува причина плус за понатамошното унапредување на целокупната работа на Банката.

niksa

About niksa