Светскиот ден на штедењето одбележан во нов формат
Вчера, на 31.10.2022 година, Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигурување на депозити организираа настан по повод одбележување на Светскиот ден на штедењето.
Овој значаен ден за банкарскиот сектор првпат се одбележа на поинаков начин, со вечерна коктел забава која се одржа во ресторанот Рагуза360.
Свое обраќање на настанот имаа д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА, министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, гувернерката на Народната Банка д-р Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Фондот за осигурување на депозити Амир Шабани.
На прославата традиционално беа наградени најзаслужните банкарски службеници за оваа година – 33 најдобри вработени во членките на Македонската банкарска асоцијација – банки, штедилници, Клириншка куќа КИБС и Македонско кредитно биро.