Штериева: Неизвесно е дали со раст на каматите ќе се скроти инфлацијата
Неизвесно е дали преку драстичното зголемување на каматните стапки ќе се заузда инфлацијата, вели Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во разговор за Блумберг Адриа ТВ.
„Зошто го велам тоа? Бидејќи имаме увозна инфлација. Тоа што ја движи таа инфлаторна спирала главно е војната во Украина и зголемувањето на цените на енергенсите“, вели Штериева, дополнувајќи дека војната всушност го прекина ланецот на добавување.
Од тие причини, според претседателката на Македонската банкарска асоцијација, е неизвесно дали ќе се постигне во саканата мера ефектот преку тие значајни покачувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви во САД и Европската централна банка, особено ако се земе предвид дека зголемувањето на каматната стапка ќе значи и поскапување на кредитите за сите тие што се финансираат преку кредитирање.
За тоа, како зголемувањето на каматната стапка од страна на Европската централна банка ќе влијае врз Адриа регионот, погледнете го целиот разговор со Маја Стевкова Штериева, претседателка на МБА.