Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, учествуваше на Годишната конференција на Македонската берза

Д-р Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), учествуваше на 21. Годишна конференција на Македонската берза, што минатата недела се одржа во Охрид.

На панелот под наслов „Банките во новата реалност“, д-р Стевкова Штериева се осврна на повеќе прашања поврзани со предизвиците со кои банките во земјава се соочуваат поради актуелната криза, односно во услови на геополитички турбуленции.

Даде свое толкување на темата „екстра профити“, односно елаборираше дали навистина банките остваруваат „екстра профити“. Се осврна и на состојбата со капитализираноста на македонските компании во период на сериозна криза, состојба која детално се анализира од страна на МБА со цел изнаоѓање одржлив модалитет во соработка со Централната банка за банките и компаниите да можат да го пребродат овој период.

Д-р Стевкова Штериева се осврна на најавената даночна реформа, како и други актуелни теми од областа на финансиите и економијата. Посебно укажа на  дезинформациите што често се пласираат во јавноста и нивното влијание врз стабилноста на банкарскиот систем.

niksa

About niksa