Одржана презентација на тема „ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ФАКТОРИНГ“ во организација на Комисијата за документарно работење
На 09.10.2024 година во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација, а во организација на Комисијата за документарно работење, свое излагање имаше претставникот на Развојната банка на Република Северна Македонија, г-дин Дарко Јованоски.
Презентацијата се однесуваше на теми кои опфаќаат трговско кредитно осигурување (осигурување на побарувања) и предности од истото, извозно кредитно осигурување преку подружници во странство, факторинг и предности од неговото користење, видови на факторинг како и негова употреба во земјите во Европа и светот.
Интересот за темите кои во помала мера се присутни кај деловните банки го потврди бројот на присутните од членките на Комисијата, како и дебатата по истите што се разви за време на презентацијата.