Во МБА се одржа презентација за нефункционалните кредити во Источна Европа

Во Македонската банкарска асоцијација се одржа презентација за најдобрите практики за управување со нефукционаните кредити во Источна Европа.

Гости презентери беа г-дин Марвин Рамке, член на Управниот одбор на ЕОС Групацијата задолжен за Источна Европа и г-ѓа Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрикс Македонија и ЕОС Матрикс Косово.

На презентацијата беа разгледани темите за застапеноста на нефункционалните кредити во Источна Европа, со каква регулатива се соочува, како се управува со активно кредитно портфолио, како и за влијанието и примена на МСФИ 9 стандардите.

На презентацијата беа посочени и стратегиите за управување со нефункционалните кредити како и состојбата во Република Северна Македонија во однос на ова прашање.

На презентацијата покрај претставници од ЕОС Групацијата и учесниците присуствуваа и претставници од Косовската банкарска асоцијација, г-дин Петрит Балија, главен извршен директор и г-дин Адлум Рамадани, одговорен за медија и комуникации.

niksa

About niksa