Награди за најдобрите на Европскиот квиз на парите
Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ги наградија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори
Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ги наградија учениците со најдобри резултати на Европскиот квиз на парите и нивните ментори
Христијан Андовски од Велес го освои второто место на годинешното издание на најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација
Вчера се одржа големото финале на Европскиот квиз на парите, во коешто покрај учениците, учествуваа и менторите, родителите и сите други заинтересирани за финансиската едукација од повеќе европски држави.
Второ пласиран на националниот натпревар „Европски квиз на пари“ е Андреј Шумански.
Овогодишниот победник на националниот натпревар на Европскиот квиз на пари е Едон Хамбари.
Победник на натпреварот е Едон Хамбари од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Скопје
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека како и во другите европски земји, заради пандемијата на ковид-19, националниот натпревар на Европскиот квиз на пари ќе се одржи на начин различен од претходно објавениот.
Нашата земја по вторпат е дел од Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. Активностите за успешно одржување на националното натпреварување веќе се во полн ек. Денес, во Народната банка се одржа работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта кои се пријавија за учество.
МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на пари. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.