Македонската банкарска асоцијација на сите штедачи им го честита Денот на штедењето 31. октомври!

  • Сѐ започна во 1924 година, кога на истиот ден во Милано е одржан Првиот конгрес на штедилници, на кој е заклучено дека штедните влогови се основа за раст и развој на секоја национална економија. Оттогаш, последниот ден од октомври е посветен на промовирање и јакнење на јавната свест за важноста на штедењето, а воедно и за борба против расипништвото.
  • Штедењето не е помалку важно и денес. Одговорното управување со финансиите на секого му овозможува заштеда  фонд за идна потрошувачка и избегнување можни финансиски потешкотии.
  • Светскиот ден на штедењето оваа година е во знакот на значителен раст на штедните влогови на граѓаните.
  • Континуираното золемување на депозитите зборува за исклучителната доверба што ја има населението во банките и штедилниците. Оттаму произлегува и обврската  за сигурност и грижа за штедните влогови на комитентите.
  • Штедењето во банки и штедилници создава предуслови за кредитирање на реалниот сектор, овозможувајќи економски раст и развој на нашата земја.
niksa

About niksa