Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева и претседавачот на Комисијата за ЕСГ Богоја Китанчев учесници на 8-от глобален состанок на Мрежата за Одржливо Банкарство и Финансии – SBFN
Чест ни е да објавиме дека Македонската Банкарска Асоцијација како членка на Мрежата за Одржливо Банкарство и Финансии – Sustainable Banking Finance Network (SBFN), учествува на 8-от глобален состанок (поддржан од Меѓународната финансиска корпорација IFC – членка на Групацијата на Светска банка, Централната банка на Бразил – Banco Central do Brazil и Бразилската банкарска федерација – FEBRABAN).
На настанот присуствуваат глобални лидери од над 60 земји за да ја обликуваат иднината на одржливото финансирање на економиите во развој.
Неговото 8-мо издание ги сумира достигнувањата и согледувањата на членовите и партнерите на SBFN и ги истражува клучните теми за идната работа. На состанокот учествуваат говорници од врвното раководство на IFC, гувернери на централни банки, раководители на регулаторни агенции и банкарски асоцијации на економиите во развој како и претставници на водечки меѓународни мрежи и тела за поставување стандарди. На овој глобален состанок Македонската Банкарска Асоцијација е претставена од претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева и претседавачот на Комисијата за ЕСГ при МБА г-дин Богоја Китанчев.