Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева на конференцијата „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“
На 23.11.2022 година се одржа конференција на тема „Македонската економија во двоен шок – каде се движиме?“, во организација на М6 Едукативниот центар, кој годинава одбележува 15 години од своето основање.
Конференцијата беше организирана во рамки на проектот„М6 Чекор Напред“ – платформа за дискусија во насока на општествен развој во Македонија и регионот, преку едукација и совети од експерти во политиката и економијата.
Главната тема на оваа конференција беше моменталниот период на неизвесност во македонската економија, пред се поради енергетската криза, и начинот на надминување на оваа состојба, преку неопходно спроведување структурни реформи кои ке ја зајакнат македонската економија и ќе ја подготват за новиот глобален поредок.
Воведни излагања имаа министерот за финансии Фатмир Бесими, претставници од Светската банка – Јасмин Чакери и Сања Маџаревиќ-Шустер, главниот економист на Народната Банка Анета Крстевска и професорката Маја Кадиевска Војновиќ.
По воведните излагања се одржа панел дискусија за влијанието на инфлацијата и енергетската криза врз работата на компаниите во земјава, каде учествуваше претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, заедно со претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ Светозар Јаневски, претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“ Штефан Петер и извршниот директор на „Витаминка“ Сашо Наумовски, кои ги споделија своите ставови и понудија можни излезнирешенија од овој турбулентен период.