Македонската банкарска асоцијација стана полноправна членка на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (EBTN)

На годишно собрание на членките на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (European banking and finаncial services training association, EBTN) што се одржа на 16. јуни 2023 година во Париз, Македонската банкарска асоцијација се стекна со статусот полноправен член на Европската тренинг асоцијација за банкарство и финансиски услуги (EBTN).

EBTN е непрофитна организација, со седиште во Брисел во која се обединети давателите на стручно образование и обуки во финансиската индустрија и меѓународната мрежа на банкарски институти.

На собранието присуствуваше претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева која ги запозна присутните со банкарскиот сектор во нашата земја и активностите на МБА. Овој чекор означува почеток на едукативни активности наменети за членките на Македонската банкарска асоцијација.

niksa

About niksa