Комисија за Платен промет во земјата и странство

Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници

КОМИСИЈА ЗА ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

Претседавач на Комисијата за Платен промет во земјата и странство е м-р Благица Здравковска, директор на Дирекција Платни Системи во УНИ БАНКА АД Скопје, а заменик-претседавач е д-р Горан Купенков, главен координатор во Секторот за платежни услуги и надворешно-трговски инструменти во КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје.

Комисијата делува во рамки на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА од самото основање со цел преземање на активности во насока на ефикасно остварување, унапредување и заштита на интересите на членовите во областа на платниот промет во земјата и во странство.

Делокругот на Комисијата го сочинуваат активности, цели и задачи кои се состојат од следното:

  • поттикнува соработката помеѓу членовите на МБА и надлежните органи и институции во доменот на плаќањата во земјата и странство;
  • покренува иницијативи до надлежни органи и институции за донесување на прописи и останати акти во врска со платните системи, а по потреба и дава иницијативи за измени и дополнувања на постоечките законски и подзаконски прописи и останати акти;
  • дефинира и предлага заеднички постапки во платниот промет со цел единствена примена на законските прописи од различни подрачја од страна на членовите на МБА;
  • утврдува отворени прашања и проблеми кои настануваат во одвивањето на платниот промет во земјата и во странство и предлага решенија за нивно отстранување.

Последната година со донесувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи се интензивираа промените во правец на усогласување на домашното законодавство со европските директиви се со цел постигнување компатибилност на домашниот со платните системи на земјите членки на ЕУ. Ова предизвика интезивна соработка на сите членови на Комисијата со цел правилна имплементација на регулативата. Имајќи ги во предвид активностите на Комисијата и брзите промени во доменот на плаќањата, Комисијата интензивно и успешно соработува и со останатите комисии при МБА како и со Министерството за финансии и Народната банка како регулатори.

М-р Благица Здравковска е директор на Дирекција Платни системи во УНИ БАНКА АД Скопје. Од своето 30-годишно искуство, 22 години е на раководна позиција поврзана со платниот промет во земјата и странство. Магистер е по економски науки со одбрана на магистерски труд со наслов “Ефекти од примена на проектот СЕПА за платежна инфраструктура во Р.Македонија.”

Поседува Certificate for International Fixed Interest, Bond Markets and Equity Markets како и Уверение за работа со хартии од вредност во Република Македонија.

Претседател е на Одборот на директори на Македонако кредитно биро ад Скопје и член на Националниот совет за платни системи на РСМ.

Претседавач на Комисијата за Платен промет во земјата и странство е назначена во 2023 година. Предходно ја вршеше функцијата заменик-претседавач на истата комисија. Имајќи го предвид придонесот за реализирање на многу активноти и иницијативи во надлежност на Комисијата, добитник на благодарници за работењето во 2018 и 2022 година.

Д-р Горан Купенков работи како главен координатор во Секторот за платежни услуги и надворешно-трговски инструменти во КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје. Фокусиран е на деловниот развој, унапредување на деловните процеси, како и на развојни проекти од доменот на дигитализацијата на банкарските производи и услуги и унапредувањето на корисничкото искуство на клиентите.

Како искусен професионалец со повеќе од 20 годишно искуство во доменот на меѓународното трансакциско банкарство и финансирањето на надворешната трговија, Купенков, како заменик-претседавач, дава огромен стручен придонес и за работењето на Комисијата за платен промет во земјата и странство при МБА.

Купенков поседува докторат од областа на монетарната економија, професионални сертификати од меѓународни институции, како ЕБРД и ICC, а е и овластен пензиски агент и овластен инвестициски советник.

niksa

About niksa