Едон Хамбари, победник на националниот натпревар на Европскиот квиз на пари
Овогодишниот победник на националниот натпревар на Европскиот квиз на пари е Едон Хамбари.
Едон Хамбари е роден на 26. јуни 2005 година во Дебар.
Тој е одличен ученик при основното училиште „Исмаил Ќемали“ в0 Чаир, Скопје.
Има освоено прво место на Регионалната олимпијада по математика организирано од Друштвото на математичари и информатичари „Паскал“ во 2016, 2017, 2018 и 2019 година.
Во 2016 година го освои и првото место (втора награда) на Регионалниот натпревар по математика организирано од Сојузот на Математичари на Македонија.
Во 2015 година е победник на Националниот Абакус натпревар BRAINOBRAIN.
Едон е исто така и одличен спортист, фудбалер (голман) при младинската школа на ФК Работнички-Скопје.
Има освоено многу награди и признанија во меѓународните и државните турнири и првенства со својот фудбалски клуб.
Денес во конкуренција на 469 натпреварувачи го освои првото место на националниот натпревар Европски квиз на пари.
Повеќе за натпреварот прочитајте тука.