Во Македонска Банкарска Асоцијација се разгледаа новите предлог-одлуки на Народна Банка

На состанокот со членките на Македонската банкарска асоцијација и претставниците на Народната Банка на Република Северна Македонија беа разгледани предлог – одлуки на Народна банка кои се од клучно значење за банкарскиот сектор.

На состанокот се дискутираа четрите предлог – одлуки на Народна банка и тоа: Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки можат да отвораат и да имаат сметки во странство, Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци и Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот.

На состанокот, членовите на комисиите на Македонската банкарска асоцијација ги презентираа своите ставови во однос на овие предлог – одлуки, а по конструктивна дискусија со претставниците на Народна банка донесоа одлука своите ставови за предлог – одлуките по писмен пат да ги достават до Народна банка.

niksa

About niksa