Учениците кои го освоија третото место во Европа за финансиска едукација одликувани од МБА, Народната банка и КХВ

niksa

Во просториите на Македонската банкарска асоцијација, на 28 мај 2024 година,  се одржа свеченото доделување на наградите на учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ − Ресен, кои под менторство на Дијана Ѓоргиевска, ја претставуваа нашата земја и на европското финале во Брисел, Белгија, каде што го освоија третото место во конкуренција од 36.000 ученици од 2.200 училишта низ Европа. На средбата присуствуваа претседателката на Македонската банкарска асоцијација (МБА), д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), м-р Нора Алити, како и второ- и третопласираните тимови на националниот натпревар, односно Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје со менторката Билјана Ниновска и Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ − Кавадарци со менторката Лоска Давчева.

Кралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите

niksa

Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија.

Нашиот тим со бронзена медала на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година

niksa

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска го освоија третото место на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година, кое се одржа на 19.4.2024 година во Брисел, Белгија, во организаација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Кирил и Кристијан од СОУ „Цар Самоил“ – Ресен по втор пат се национални победници на Европскиoт квиз на парите

niksa

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите.

Традиционално со националниот натпревар Европски квиз на парите, МБА ја одбележува Глобалната/Европска недела на парите

niksa

Вчера, на првиот ден од Глобалната/Европска недела на пари – 18.03.2024 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз на парите, каде што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.

Јавен повик до основните и до средните училишта во Република Северна Македонија за „Европски квиз на пари 2024“

niksa

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија
и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.