Се одржа големото финале на Европскиот квиз на парите

niksa

Денес се одржа големото финале на Европскиот квиз на пари. Првото место го освоија претставниците на Република Унгарија, второто место го освоија претставниците на Република Ирска, додека третопласиран е тимот на Република Словачка.

Тимот од 8-4 од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола ќе ја претставува нашата земја на финалето на Европскиот квиз на парите

niksa

Благоја Трајчески и Михаил Атанасовски од основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола се победници на националниот натпревар и ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто ќе се одржи виртуелно, на 20 април 2021 година, на англиски јазик.

Вицешампионите на Европскиот квиз на парите во 2019 и 2020 година го пренесоа своето искуство на пријавените учесници на Европскиот квиз на парите за 2021 година

niksa

Денес се одржа е-средба на европските вицешампиони од минатите две години, Марко Инѓилизов, Викторија Панова и Христијан Андовски, како и ментори на наградени ученици, со пријавените тимови на учесници за Европскиот квиз на парите за оваа година.

Се одржа работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите за 2021 година

niksa

За учество на националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, оваа година се  пријавени  174 одделенија односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја, што упатува на повторно голем интерес меѓу младите за овој натпревар.

Јавен повик до основните и до средните училишта во Република Северна Македонија

niksa

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.