Одржана деветнаесетата седница на Собранието на Македонска банкарска асоцијација

niksa

На 13 мај 2020 година по електронски пат се одржа деветнаесетата седница на Собранието на Македонска банкарска асоцијација на која се разгледуваше Законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите и трошоците на физичките лица донесен на 5-ти февруари 2020 година со кој се предвидува можност за отпишување на пресметани камати и репрограмирање на главниот долг и трошоците кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени кај нотарите и извршителите согласно Законот за извршување заклучно со 31 декември 2011 година.

Шеснаесета седница на Собранието на Македонска банкарска асоцијација

niksa

На својата шеснаесета седница, одржана на 12.02.2020 година, Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација ги прифати Завршната сметка и Извештајот за работа за 2019 година на Македонската банкарска асоцијација.

15 Седница на Собранието на МБА – Прифатени принципите за одговорно банкарско работење

niksa

На својата последна седница во годината што изминува, одржана на 27 декември во просториите на Асоцијацијата, Собранието на Македонската банкарска асоцијација, под претседателство на д-р Маја Стевкова Штериева, ги прифати принципите за одговорно банкарско работење.

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА МБА

niksa

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на својата четиринаесетта седница, со која претседаваше д-р Маја Стевкова Штериева, го потврди организирањето на националниот натпревар и учеството на финалето на Европскиот квиз на пари, квиз на кој нашата земја како дебитант, минатата година го освои второто место.

Презентација на Crowdfunding Platform Funderbeam на дванаесетата седница на собранието на МБА

niksa

На дванаесетата седница на Собранието на Македонска банкарска асоцијација се одржа презентација за Funderbeam. Funderbeam е платформа за crowdfunding преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој.

Д-р Маја Стевкова Штериева прв човек на Македонската Банкарска Аоцијација

niksa

Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација. Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот. Ова е и единствената одлука на 11 седница на Собранието на МБА.

Собранието на МБА ги прифати извештаите за работа на комисиите

niksa

Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација на 10.04.2019 година ја одржа 10-та по ред седница, на која присуствуваа и претседавачите на комисиите кои работат во склоп на асоцијацијата.

Деветта седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијција

niksa

На својата деветта седница, одржана на 13.03.2019 година, Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација, под претседателствување на Коста Митровски ги прифати Завршната сметка и Извештајот за работа за 2018 година на Македонската банкарска асоцијација.

Осма седница на собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

Усвоенa програмата за работа, благодарност до најактивните

Последната, осма седница на Собранието во годината на своето етаблирање на општествената сцена, Македонската банкарска асоцијација ја одработи на 25.12.2018 година.

Шеста седница на собранието на МБА

niksa

Актуелноста на најавените законски промени на даночниот систем беа тема на шестата седница на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, одржана на 08.11.2018 во Скопје. Став на здружените банкари е дека предложените измени кои се однесуваат на одданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните би требало да се одложат се до приемот на земјата во Европската Унија. Тоа би допринело до натамошен раст на штедењето, обезбедување на свеж капитал за стопанството и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор.

Соопштение за медиуми од МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

niksa

Одржана шеста седница на собранието

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА на својата шеста седница на Собранието одржана на 08.11.2018 година, ги разгледа предложените законски измени кои се однесуваат на одданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните. Ставот на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор.

Трета седница на МБА

niksa

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА на третата седница, одржана на 22.8.2018 година, усвои правила за избор и обврски на референтни банки кои поставуваат котации на каматни стапки за пресметка на SKIBOR и за процесот на пресметување на SKIBOR. Правилата ќе започнат да се применуваат од 01.10.2018 година.

Втора седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

КОНСТИТУИРАНИ КОМИСИИТЕ И ОДОБРЕН ПРОЕКТ ЗА ЕДУКЦИЈА НА МЛАДИ

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на својата втора седница, одржана на 5.7.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во новите простории, на улица Никола Кљусев, број 6, во Скопје, ги конституираше постојаните работни тела на Собранието и ја имплементираше заложбата за образование на младите за финансиските движења.

Одржана првата седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

РАЗГЛЕДАНИ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БАНКАРСКАТА РЕГУЛАТИВА

На првата седницата на МБА, одржана на 3.5.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Бизнис центарот на ХАЛК банка АД – Скопје, се утврдија основните карактеристики на МБА и беа разгледани најактуелните прашања во врска со банкарската регулатива во земјата.

Основачко Собрание на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје

niksa

Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, се одржа на 20 април 2018 година во Скопје.