Деветта седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијција

На својата деветта седница, одржана на 13.03.2019 година, Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација, под претседателствување на Коста Митровски ги прифати Завршната сметка и Извештајот за работа за 2018 година на Македонската банкарска асоцијација.

Собранието ги усвои и Правилата за објавување на Национална референтна каматна стапка (НРКС) со кои се зголемува транспарентноста на работењето и продолжување на процесот на прифаќање и имплементација на најдобрите банкарски практики, се со цел да се обезбедат унифицирање на условите, начинот и постапката на објавување и примена на НРКС.

Разгледана беше и информацијата за Европскиот квиз на парите, односно за одржаната средба со наставниците на основните и средни училишта во Народната банка на Република Северна Македонија. Европскиот квиз на парите по прв пат се организира во нашата земја со цел финансиска едукација на младите, а иницијатор за неговото покренување е токму МБА.

niksa

About niksa