(Обновено) МБА со мерки и препораки за превенција и заштита од COVID-19 (корона вирус)

Македонската банкарска асоцијација и сите нејзини членки редовно ги следат заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

Уште еднаш би сакале да ја известиме целата јавност дека и во најновите околности, сите наши членки – банките, штедилниците, Македонската Клирингшка куќа и Македонското кредитно биро продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица.

Притоа, ја информираме јавноста дека мрежата на филијали и експозитури на банките и штедилниците останува отворена за граѓаните и правните лица.


12/03/2020

МБА со мерки и препораки за превенција и заштита од COVID-19 (корона вирус)

Македонската банкарска асоцијација целосно ги поддржува заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

На 03.03.2020 година Собранието на Македонската банкарска асоцијација одржа Седница на која се дискутираше за утврдување насоки за заштита и превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Согласно тоа, се изготви заедничка листа на мерки и препораки за заштита и превенција од ширење на болеста во банкарскиот сектор кои се однесуваат на вработените во банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро и на сите нивни клиенти, со цел обезбедување нивна поголема заштита како и придонес за поголема заштита на колективното здравје.

Комуникацијата и координацијата помеѓу членките на МБА се одвива на перманентна дневна основа и се преземаат мерки и активности согласно развојот на состојбите.

Би сакале да упатиме апел до сите граѓани и правни лица – клиенти на банките, штедилниците, Клириншката куѓа и Македонското Кредитно биро да ги ограничат посетите на експозитурите/ филијалите и другите деловни простории на нашите членки и да избегнуваат директен и близок контакт и ракување со вработените, како и да се придржуваат целосно на сите препораки кои ги издаде Владата на Република Северна Македонија.

Сите наши членки продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица, при што до сите нив се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат алтернативните начини за добивање на банкарски услуги како што се електронското банкарство, мобилното банкарство итн. кои не бараат нивно физичко присуство во банките со што директно ќе се придонесе за спречување од ширење на болеста.

Го изразуваме нашето цврсто уверување дека како и многупати досега, како банкарски сектор и како општество ќе се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас, без никаква потреба за било каква паника.

niksa

About niksa