МБА ги претставува новоименуваните челници на комисиите: Надица Атанасовска – заменик претседавач на Комисијата за ликвидност
Надица Атанасовска, директор на Дирекцијата за раководење со ликвидност во Секторот за средства и ликвидност во Стопанска банка АД – Скопје, на 49. седница на Собраниетo на МБА е именувана за заменик претседавач на Комисијата за ликвидност.
Таа е компетентен банкарски професионалец за ликвидност, буџетирање и финансии и известување до Народната банка, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор од кои 18 години на раководна функција во областа на раководење со ликвидноста и ликвидносниот ризик и управување со депозитни производи на правни лица.
Со својата посветеност кон работата, креативност, аналитички пристап, отвореност за нови идеи и предизвици и вештини стекнати во текот на образованието и професионалната кариера придонесува за континуиран развој на процесите и успешно прилагодување на банкарското работење на новите трендови, потреби и регулаторни новини.
Член е на повеќе комисии во Банката и со своето искуство и континуирано учење дава свој придонес за успешно работење на Комисијата за ликвидност и справување со предизвиците во нејзина надлежност.