МБА ги претставува новоименуваните челници на комисиите: М-р Дејан Блажески – заменик претседавач на Комисијата за информативна сигурност

Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: М-р Дејан Блажески – заменик претседавач на Комисијата за информативна сигурност

М-р Дејан Блажески е одговорно лице за информациска сигурност во ПроКредит банка АД Скопје.

Има 18-годишно работно искуство во финансискиот сектор, посветено на управување и проценка на ризици, менаџмент и имплементација на банкарска регулатива и стандарди во информациска сигурност. Неговото професионално искуство вклучува и учество во проекти за унапредување на финансиските услуги со фокус на оптимизација и дигитализација на процеси, организација и безбедност на информациите.

Во текот на кариерата, активно работи на стратегии за управување, процена на ризици и имплементација на системи за третман на ризиците и заштита на податоците.

М-р Дејан Блажески, повеќе години учествува во работата на Комисијата за  информативна сигурност при Македонската Банкарска Асоцијација, а на 49. седница на Собранието на МБА беше избран за заменик-претседавач на Комисијата со мандат во траење од 4 години.

niksa

About niksa