МБА ги претставува новоименуваните челници на комисиите: Игор Кузевски – претседавач на Комисијата за заштита на личните податоци

Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: Игор Кузевски – претседавач на Комисијата за заштита на личните податоци

Игор Кузевски е докажан професионалец во областа на заштитата на личните податоци, со 25 години работно искуство во правото, од кои 15 години посветени на оваа специфична област.

Во текот на својата кариера извршувал раководни функции, градејќи силен професионален кредибилитет, а неговата експертиза е дополнително зајакната преку бројни домашни и меѓународни обуки за заштита на личните податоци.

По преминот во банкарскиот сектор, станува активен член на Комисијата за заштита на личните податоци при МБА уште од нејзиното основање, каде значајно придонесува во дефинирањето на политики и најдобри практики во оваа област.

Денес, како дел од НЛБ Банка АД Скопје, неговиот фокус останува на промоцијата, заштитата и унапредувањето на правата на граѓаните во дигиталната ера. Активно работи на усогласување со најновите регулативи и подигнување на свеста за важноста на заштитата на личните податоци во финансискиот сектор и пошироко.

На 49. седница на Собранието на МБА, Игор Кузевски беше избран за претседавач на Комисијата за заштита на личните податоци, со мандат да ја води и унапредува нејзината работа, обезбедувајќи заштита на личните податоци, почитување на приватноста и подобрување на корпоративните политики во оваа област.

niksa

About niksa