МБА ги претставува новоименуваните челници на комисиите: М-р Златица Цивкароски – претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг

Македонската банкарска асоцијација ги претставува новоименуваните челници на комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на Асоцијацијата: М-р Златица Цивкароски – претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг

М-р Златица Цивкароски е член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје од 1 април 2024 година. Со 20-годишно искуство во банкарскиот сектор, од кои 12 години на раководни и менаџерски позиции, таа е одговорна за стратешко управување со ризик, кредитен ризик и наплата, како и за усогласеност со регулативите, СППФТ и правни работи.

Во текот на својата кариера, м-р Цивкароски има завршено бројни специјализирани обуки и едукативни програми во областа на управувањето со ризици, вклучувајќи и групациски лиценци од оваа област.

Како докажан професионалец, покрај својата менаџерска улога, таа е активно вклучена во работата на МБА и Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг уште од нејзиното основање. На 49. седница на Собранието на МБА беше избрана за претседавач на Комисијата, со мандат од четири години.

niksa

About niksa