Одбележана Глобалната/Европската недела на пари 2023: Woman executive green talks
Вчера, 22.3.2023 година, се одржа првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор на кој се разговараше за најголемиот предизвик за новата генерација на жени лидери – зелената економија.
Поздравно обраќање имаше претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева. Таа се осврна на Принципите на одговорно банкарство и особено на Принципите за јакнење на жените – The Women’s Empowerment Principles преку кои целите на банкарскиот сектор се усогласуваат со Целите за одржлив развој на ООН и Парискиот договор за климатски промени од 2015 година.
На панел дискусијата учествуваа, Емилија Спировска,член на Управниот одбор на Прокредит банка АД Скопје, Елеонора Згоњанин Петровиќ, упраавител на Штедилница ФУЛМ и Нина Неданоска, заменик претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје
Тие споделија како лично ја доживуваат зелената економија, како го имплементираат концептот на зелена економија, што преземаат за нивните клиенти и воопшто за целата наша заедница и го дадоа нивното мислење за тоа кои се најитните прашања за одржливост со кои се соочува банкарската индустрија и општеството денес.
Македонската банкарска асоцијација со овој настан ја одбележа Глобалната/Европската недела на пари која оваа година се прославува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.