Конституирана Комисија за ЕСГ при МБА

На 22.9.2023 година се одржа состанок на новоформираната Комисија за ЕСГ (Environmental, Social, and Corporate governance) при Македонската банкарска асоцијација.

Состанокот започна со претставување на номинираните членови, по што тие беа запознаени со начинот на функционирање на комисиите како постојани работни тела во рамките на Македонската банкарска асоцијација.

Во следниот период следува избор на претседателство и усвојување на Деловник за организација и работа на Комисијата, во кој ќе бидат дефинирани активностите, целите и задачите на Комисијата.

Комисијата за ЕСГ при МБА, преку правилно и навремено имплементирање на ЕСГ во работата на членките, ќе придонесе кон целите за одржлив развој на нашето општество.

niksa

About niksa