Одржан 51-виот состанок на асоцијативните членки на ЕБФ
На 17.05.2021 година се одржа 51-виот состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација.
На состанокот фокусот беше даден на неколку теми кои се тековни приоритети на Европската банкарска федерација, и тоа: прудентната реакција на ЕБФ на ковид-19 и неговото влијанието врз банкарскиот сектор, имплементација на Базел IV, дигитално евро, одржливо финансирање, финансиски криминал и спречување перење пари.
51-виот состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација се одржа виртуелно, без физичко присуство.