Запознајте ги комисиите при МБА
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
ПРАВНА КОМИСИЈА
Претседавач на Правната комисија е Горазд Поповски, директор на Сектор за правни работи во СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје, а заменик-претседавач е Виолета Јанева, директор на Сектор за правни работи и секретаријат во НЛБ БАНКА АД Скопје.
Помеѓу првите работни тела формирани при МБА е Правната комисија во која претставници имаат сите членови на МБА.
Основна функција на Правната комисија е преку обединет и усогласен пристап да го зајакнува целиот банкарски систем на начин што:
- обезбедува заштита на заедничките правни интереси на членовите на МБА;
- делува во насока на нормативно јакнење на целокупната правна рамка која се однесува на извршување на финансиските активности;
- остварува комуникација и соработка со државни органи преку адресирање на барања за решавање на практични правни проблеми;
- учествува во работни групи за изготвување на закони;
- следи и ја проучува судската пракса и усогласува ставови и мислења со цел правилна примена на важечки прописи.
Претседавач на Правната комисија е г-дин Горазд Поповски, директор на Сектор за правни работи во СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје. Како заменик-претседавач на Правната комисија при Здружение на банкарство во Стопанската комора на РСМ активно учествува во изготвување на актот за основање, програмата за дејствување и статутот на Македонска банкарска асоцијација. Оваа функција ја обавува до крајот на 2022 година. Добитник е на две благодарници за особен придонес за работата на МБА.
Функцијата заменик-претседавач на Комисијата ја обавува г-ѓа Виолета Јанева, директор на Сектор за правни работи и секретаријат во НЛБ БАНКА АД Скопје. Како претходен претседател на Правната комисија, таа е добитник на благодарница за особен придонес за работата на МБА.