Се одржа работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите за 2021 година

За учество на националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, оваа година се  пријавени  174 одделенија односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја, што упатува на повторно голем интерес меѓу младите за овој натпревар.

Денес, со виртуелна работна средба со наставниците и професорите координатори кои се одзваа на Јавниот повик, започнаа активностите за реализирање на натпреварот. На средбата, менторите беа запознаени со материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, како и со начинот и текот на одржување на овогодинешното издание на Европскиот квиз на пари.

Националниот натпревар, по кој ќе бидат познати победниците – двајцата ученици коишто ќе ја  претставуваат нашата земја на финалето, ќе се одржи на 24  март 2021 година преку електронската платформа „Кахут“.

Квизот е проект на Европската банкарска федерација и има за цел да ги поттикне училиштата и наставниот кадар во Европа повеќе да вложуваат во финансиската едукација на младите.

Нашата земја по третпат е дел од овој значаен проект, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. Минатите две години, претставници на нашата земја беа европски вицешампиони.

niksa

About niksa