Се одржа работна средба со Комората на извршители на Република Северна Македонија

На иницијатива на Комората на извршители на Република Северна Македонија (КИРСМ)  денес во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА) се одржа работна средба.

Од страна на Македонската банкарска асоцијација на средбата присуствуваа Виолета Јанева, претседавач и Горазд Поповски, заменик претседавач на Правната комисија при МБА а Комората на извршители на РСМ ја претставуваа претседателот Ванчо Марковски и извршителите Билјана  Николовска и Драган Кочовски, членови на Управниот одбор на КИРСМ.

На средбата се дискутираа теми од заеднички интерес односно конкретната примена на одредени законски одредби. Записникот од средбата ќе биде доставен до сите членки на МБА и КИРСМ за нивно запознавање и мислење.

На крајот беше заклучено дека воспосавената редовна комуникација помеѓу Правната комисија при МБА и КИРСМ мора да продолжи во насока на интензивирање и унапредување на соработката.

niksa

About niksa