Се оддржа осмата Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки
На 28 јуни 2022 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа Седница на Одборот за избор и следење на референтни банки.
На состанокот се придружија и Марјан Ристов, управител на Еуропоинт Македонија Скопје и Извршниот секретар на МБА, Милена Перчинкова.
На Седницата членовите на Одборот дискутираа за поставувањето на котации на референтните банки и движењето на SKIBOR каматните стапки во Q2 2022 година, како и за Договорот за изработка, употреба и одржување на софтверското решение – апликацијата SPIDER SKIBOR, со кој ќе се финализира процесот на пренос на системот за пресметка на SKIBOR каматните стапки од НБРСМ во МБА.