Претседавачот на ЕСГ Комисијата при Македонската банкарска асоцијација на II Регионална конференција на ИСОС: ЕСГ стандардите се во фокусот на банкарскиот сектор

На 3 април, на II Регионалната конференција „Нова ера во сметководството – стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“, во организација на ИСОС, Богоја Китанчев, претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, беше говорник на панелот посветен на имплементацијата на МСФИ и ЕСГ стандардите.

Во своето обраќање, г. Китанчев ја истакна улогата на банките во поддршката на зелената трансформација и примената на ЕСГ принципите. Како општествено одговорни институции, банките се стремат да придонесат кон одржлив економски развој и управување со климатски ризици.

Тој ја претстави иницијативата на Македонската банкарска асоцијација за креирање унифицирана платформа за пополнување на ЕСГ прашалник, достапна за сите клиенти на банките. Оваа алатка има за цел да обезбеди стандардизиран пристап во идентификување на климатски ризици и развој на корпоративна култура базирана на одржливост.

Учеството на Асоцијацијата е дел од нејзините континуирани напори за унапредување на ЕСГ културата во македонската економија.

niksa

About niksa