Одржана средба со претседателството на МБА и тимот на ММФ за макроекономските случувања и предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор

На денешната средба со Делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд и претседателството на Македонската банкарска асоцијација се дискутираше за моменталната ситуација со COVID-19 и макроекономските случувања и предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор.

На состанокот од страна на Македонска банкарска асоцијација присуствуваа претседателот на Асоцијацијата, д-р Маја Стевкова-Штериева, заменик претседател, м-р Тони Стојановски, и извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова.

Од страната на Меѓународниот монетарен фонд присуствуваа Бергљот Бјорнсон Баркбу, шеф на мисијата, Стефани Ебле, Јеан-Гуилауме Поулаин, Антон Мангов и Симона Ковачевска Стефанова. Состанокот се одржа онлајн преку WebEx платформата.

niksa

About niksa