Одржана работна средба со Спиро Брумбули, генерален секретар на Албанската асоцијација на банки
МБА на 6 јули имаше задоволство да биде домаќин на Албанската асоцијација на банки. Имено, заменик претседателот на МБА Тони Стојановски заедно со извршниот секретар Милена Перчинкова одржаа работна средба со генералниот секретар на Албанската асоцијација на банки г. Спиро Брумбули и неговиот тим.
Тема на состанокот беа предизвиците пред кои е исправен банкарскиот сектор, имплементација на банкарската регулатива, реализираните активности и други теми од заеднички интерес.
Посебно внимание беше посветено на потребните активности за понатамошно продлабочување на соработката помеѓу двете асоцијации при што како прв чекор беше договорено да се организираат заеднички состаноци на релевантните комисии за што дополнително ќе информираме.
МБА продолжува да работи на афирмирање на банкарскиот сектор не само на нашиот пазар туку и регионално.