Одржан состанок со г. Вим Мијс, Извршен Директор на Европската банкарска федерација

Заменик претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Тони Стојановски и извршниот секретар, Милена Перчинкова одржаа состанок со Вим Мијс, извршниот директор на Европската банкарска федерација, каде Македонската банкарска асоцијација е асоцијативен член.

На состанокот беше потврдена заложбата за продолжување на досегашната успешна соработка, при што беа разменети мислења и искуства во врска со активностите кои двете организации ги преземаат во услови на пандемијата од КОВИД 19.

Извршниот директор на Европската банкарска федерација, Вим Мијс, со големо задоволство ја поздрави одлуката на Македонската банкарска асоцијација и оваа година да учествува во проектот за финансиска едукација на Европската банкарска федерација – Европски квиз на пари.

Од страна на Македонската банкарска асоцијација уште еднаш беше реафирмиран ставот за продолжување со активно учество во проектите и активностите кои се организираат од страна на Европската банкарска федерација во насока на размена на знаења, искуства и практики, кои се значајни, како за банкарскот сектор, така и пошироко за развојот на финансиската едукација и воопшто финансискиот систем во Република С. Македонија.

niksa

About niksa