Одржан состанок на Меѓународниот банкарски сојуз
На 05.10.2021 година се одржа состанок на Меѓународниот банкарски сојуз чии домаќин беше банкарското здружение на Украина.
Состанокот беше организиран во хибриден формат и тоа дел од учесниците беа физички присутни во Одеса, а дел се вклучија виртуелно преку е-платформа.

Покрај претставниците на земјата организатор, на состанокот присуствува претставници од банкарските здруженија од Русија, Азербеџан, Кургистан, Грузија, Казахстан, Белорусија, Ерменија, Молдавија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и нашата земја.
Тема на состанокот со кој претседаваше Александар Муручев, претседател на Меѓународниот банкарски сојуз, беше „Лекции од пандемијата: Глобални иновации во управување со ризиците, бизнис моделите и моделите против корупција“.

Претседателката на Македонската бакарска асоцијација, Д-р Маја Стевкова Штериева, со своја презентција активно се вклучи во работата на Советот.