Одржан 57. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација

Здружението на банки на Србија беше домаќин на 57. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација што се одржа на 25 и 26 септември 2023 година во Белград. На овој настан Македонската банкарска асоцијација ја претставуваше извршниот секретар Милена Перчинкова.

Добредојде на присутните им посака Марина Пападакис, генерален секретар на Здружението на банки на Србија а состанокот го водеше г-дин Eelco DUBBELING, претседател на Извршниот комитет на Европската банкарска федерација.

На состанокот беа презентирани активностите на Европската банкарска федерација, најновите случувања на ниво на ЕУ а се разменија и искуствата и предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор во земјите на членките учесници.

niksa

About niksa