МБА на состанок на проект-групата за финансиска едукација од ЕБФ

Проект-групата за финансиска едукација (FEPG) во рамки на Европската банкарска федерација одржа хибриден состанок, на кој учествуваа претставници од МБА. Состанокот се одржа на 5-ти октомври во Рим, при што домаќин беше Банкарската Асоцијација на Италија.

За почеток, како интересен вовед во состанокот учесниците изиграа краток Кахут квиз за историјата на Рим, градот-домаќин на настанот.

Голем дел од состанокот беше насочен кон развојот на финансиска едукација за лица над 60 години. На темата беа споделени презентации од претставници на банкарски асоцијации од 5 европски земји: Италија, Грција, Полска, Шпанија и Исланд. Презентерите ги споделија преземените активности и понатамошните планови за надоградување на системот на финансиска едукација за постарите граѓани во нивните земји, во соработка со другите финансиски институции. Беше ставен акцент на улогата на банките и дополнителни активности кои тие ги преземаат за ефикасно да ги услужат постарите граѓани.

Тема на дискусија беа и националните стратегии за финансиска едукација на земјите- членки.

Конечно, учесниците разменија мислења и предлози во врска со следниот Европски квиз на парите, кој ќе се одржи во мај 2023, како и претстојната Глобалната недела на пари.

niksa

About niksa